На 04.11.2022 година, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 2 технички неисправни возила, додека во Струга, поради управување моторно возило под дејство на алкохол, од сообраќај е исклучен еден возач на моторно возило, информираат од МВР.
6 пешаци во Струга, 3 во Кичево и 3 во Дебар се затекнати при небезбедно преминување коловоз, на места каде нема обележан пешачки премин. За констатираните прекршоци издадени се соодветни платни налози, додаваат од МВР.
OhridNews












