Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОВ, денеска во Охрид беше одбележан 21. Септември, Меѓународниот ден на мирот.

Пред спомен обележјето на хероите од Втората светска војна во центарот на Охрид се поклонија делегации на општина Охрид и на општинската организација на Сојузот на борци, како и претставници на други здруженија и граѓани. Пригодна реч одржа Гоце Георгиески, претседател на Сојузот на борци од НОВ и почитувачи на традицијата за општините Охрид и Дебрца.

Поради актуелната состојба со Ковид 19, годинава изостана традиционалниот „Марш на мирот“.

OhridNews