Извидничкиот клуб „Пионер“ од Охрид, по повод Светскиот ден на извидниците – 22-ри февруари, денеска, организираше отворен ден на извидниците.
Граѓаните на отворениот ден имаа можност да се запознаат со извидништвото и со работата и активностите на ИК „Пионер“.
Светскиот ден на извидниците е востановен по повод роденденот на основачот на светското извидничко-скаутско движење, лордот Роберт Баден Пауел.
OhridNews














