Тимскиот пристап не е само потреба, туку и патот кон суштинско унапредување на грижата за децата со развојни нарушувања и вродени аномалии беше потенцирано на стручниот симпозиум кој се одржа во Охрид.
Симпозиумот привлече големо внимание во стручната јавност и ја потврди потребата од мултидисциплинарна соработка во современата практика. Истиот придонесе за размена на знаење, професионално вмрежување и силна енергија на соработка.
На симпозиумот свои обраќања имаа Проф. д-р Филип Дума – еден од најценетите и најискусни стручњаци во својата област, чие предавање беше вистинска референца за високо ниво на експертиза, д-р Горан Маркоски, д-р Ирена Скендероска Митреска, д-р Јован Поп Стефанија, асс. д-р Ивана Арнаудова Даневска, д-р Олга Шуменковска, д-р Асен Шајн, д-р Магдалена Митреска Пулческа и д-р Лео Спасески – млади и мотивирани доктори кои со своите современи пристапи, искрен ентузијазам и енергична презентација, го потврдија својот потенцијал и ја осветлија иднината на стручната работа во оваа област.
Модератор на настанот беше Александра Сабрас Апостолова, која со високо ниво на професионализам го водеше текот на симпозиумот.
Организаторите на симпозиумот упатија благодарност до д-р Симон Локоски, претседател на Лекарската комора – Охрид, за неговата искрена поддршка и заложба во реализацијата на овој значаен настан.
OhridNews