Синоќа опожарени се две патнички возила, „Опел Виваро“, со охридски регистарски ознаки и „Сеат Ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во месноста „Застава“ во Охрид. Инцидентот бил пријавен околу 22 часот, информира во СВР Охрид.

Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. – стои во кусото соопштение на СВР Охрид.

На местото на настанот извршен е увид, а истражните органи работат на расветлување на случајот.

Ноќеска инцидент се случил и во Струга. Околу 22.40 часот пред дом на 43-годишна стружанка било фрлено пластично шише со течност, при што настанала експлозија.

Извршен е увид а ОВР Струга презема мерки за расчистување на случајот. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews