Деновиве се одржа првиот собир на членовите на неодамна основаниот охридски Клуб на љубители на автомобилите.

Собирот се одржа на паркингот кај Горица трета, локација, која според членовите на клубот, е идеална за одржување на ваков настан со оглед дека паркингот е голем , осветлен и надвор од градот.



Од клубот потенцираат дека членовите не оправдуваат, ниту подржуваат илегални трки со автомобили, туку дека собирите се за меѓусебно дружење на сопствениците на автомобили, разменување на искуства, идеи, а се предвидуваат и  екскурзии низ Македонија и надвор од земјата, во зависност од можностите и интересот.

OhridNews