Вчера вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, се отвори петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура, што ја организира Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

На отворањето се обратија деканот на Факултетот за архитектура и дизајн, проф. д-р Мишко Ралев, како и раководителот на школата Владимир Десков, по што следуваше предавање на архитект Деан Лах на кое ја претстави работата на студиото Енота. 

ЛетнаТА школа за архитектура ќе трае до 2. јули. Тема на овогодинешната сесија е „Природни системи“ и ќе биде под раководство на архитектот од Словенија, Деан Лах, коосновач и партнер во реномираното архитектонско студио Енота од Љубљана, Словенија. Гости на Летната школа ќе бидат и архитектите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Хрватска и Јуриј Личен од Словенија. На школата учествуваат студенти по архитектура од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје и студенти од Архитектонскиот Факултет при Униерзитетот Св. Кирил и Методиј. Во рамките на школата ќе бидат одржани и предавања од страна на гостите предавачи, а во сабота 01.07.2017 ќе се одржи и јавна презентација на студентските проекти.

Во претходните сесии на Летната школа на Факултетот за архитектура и дизајн гости тутори беа архитектите Јошихару Цукамото, Момојо Каиџима (Atelier Bow-Wow) од Јапонија, Симон Хартман, Симон Фроменвилер и Тило Херлих (HHF Architects) од Швајцарија, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (Penezic & Rogina architects) од Хрватска.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ