Првиот Mакедонски глобален инвестициски самит, свечено ќе биде отворен денеска.

На отворањето на самитот, што ќе се одржи во хотелот „Метропол“, се очекува свое обраќање да имаат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и министерот за економија Ваљон Сарачини.

Главна цел на Самитот е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останатите потенцијални инвеститори.

Учество ќе земат видни бизнисмени од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, како и успешни домашни стопанственици.

Македонскиот глобален инвестициски самит го организира асоцијацијата „Македонија 2025“, која е е основана во 2007 година со цел да го помогне економскиот развој на Македонија и привлекување на странски инвестиции.

OhridNews