Во Конгресниот центар во Охрид, денеска, ќе биде отворена десеттата Летна школа за изучување на мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво. Школата ќе ја отвори директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Никола Шалваринов.
Летната школа за изучување на мајчин јазик се реализира секоја година, традиционално во Охрид. На оваа школа учествуваат деца на иселеници од земјата кои имаат за цел да го изучат јазикот на нивните родители. Преку најразлични забавни и едукативни активности, тие ќе имаат можност да се запознаат и да ги научат македонската историја, традиција, култура и јазик.
OhridNews












