Колективен договор помеѓу синдикатот на вработените во угостителството-СУТКОЗ, Организацијата на работодавачите и хотелската асоцијација на Македонија-ХОТАМ, беше потпишан денеска во Охрид. Целта е да се регулираат односите помеѓу работодавачите и вработените во угостителството согласно законот за работни односи.
синдикатот и работодавачите се договорија
Договорот го потпишаа претседателот на СУТКОЗ, Зоран Георгиевски, претседателот на Организацијата на работодавачите, Димитар Стојаноски и претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.

Потписниците на колективниот договоро сметаат дека тој позитивно ќе влијае на развојот на угостителството и турирузмот бидејќи на тој начин се регулираат односите меѓу чинителите на овие дејности.
Г.Момироски













