Во Општина Охрид на парламентарните избори ќе гласаат 53 579 граѓани на 73 избирачки места.
Избирачките места ќе се отворат во 7 часот на утро а ќе се затворат во 19 часот. Дотогаш граѓаните со право на глас ќе може да се определат за една од 12-те кандидатски листи во 5-та изборна единица во која спаѓа Охрид.
Парламентарни избори во Република Македонија се одржани во 1990, 1994, 1998 и 2002 година. Предвремени парламентарни избори се одржуваат првпат од осамостојувањето на државава.











