Охрид, на 15- ти април  ќе биде еден од градовите низ земјава во кои истовремено, премиерно, ќе биде прикажан филмот„Панкот не е мртов“.


Филмот кој е македонско- српска копродукција, е  во режија на Владимир Блажевски, а снимен е во Скопје. Станува збор за филм кој се занимава со неколку социјални приказни за членовите на една фиктивна скопска панк-група, која во филмот го носи името „Работничка терапија“.

– Во филмот учествуваат познати актери од полмладата и повозрасната генерација. Главните улоги ги толкуваат Јордан Соминов, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Џевдет Јашари, Кирил Поп Христов, Ратка Радмановиќ . Освен во Охрид, филмот премиерно ќе биде прикажан и во Скопје, Струмица и Струга, нагласи директорката на Центарот за култура “Григор Прличев”, Драгана Боцевска.

Кинопроекциите ќе започнуваат во 20 часот, влезот е 100 денари, а филмот ќе се прикажува до 20- ти април.

OhridNews