Во Охрид, вчера, се одржа завршната работилница од проектот на јавно-приватно партнерство “Систем за управување со отпадни масла во Република Македонија”, што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Канцеларијата за POPs.
Учество зедоа повеќе претставници на водечките компании од областа на рециклирањето со отпадни масла од Германија и Грција, претставници од канцеларијата за POPs, како и од Управата и Државниот инсепкторат за животна средина.
Раководителот на канцеларијата за Озонска обвивка и за POPs – Марин Кочов, изрази задоволство од реализацијата на проектот. Нагласи дека иницијативата за овој проект е од пред 5 години како подршка на германската влада во соработка со ГИЗ(Германската агенција за техничка соработка).
-Таа иницијатива се претвори во реалност, а ние се јавивме како извршители на овој проект, благодарение на претходната соработка со ГИЗ(порано ГТЗ). Задачата ја завршивме, проектот е во крајна фаза, а остануваат уште оние ситници меѓу кои испораката на 50те тона отпадно масло во соседна Грција – потенцира Кочов.
Кочов нагласи дека канцеларијата е доста активна и реализирани се преку 40 проекти.
– Во овие 16 години, имаме генерирано околу 15 милиони долари како подршка за македонските фирми преку трансфер на технологии. Екипата е искусна и заедно работиме доста време. Имаме обезбедено финансии до 2020 година во делот на проектите за озонот – рече раководителот на канцеларијата за POPs.
Од државниот инспекторат за животна средина, ни изјавија дека, преку овој проект се прават напори за намалување на количните отпад. Оттаму потенцираа дека селектирањето и рециклажата на отпадните масла, ќе доведе до изумирање на депониите. Додадоа дека јавната свест кај луѓето треба да се зголеми преку едукација и обучување. Како пример беа посочени земјите од германското говорно подрачје.
– Пример се земјите од германското говорно подрачје, како Германија, Австрија и Холандија. Во овие држави, само 10 проценти од отпадот се депонира, а другото е рециклирање . Тие што генерираат отпадни масла, мора да се селектираат. Луѓето треба да бидат обучени и да се подигнe јавната свест. Проблемот се среќава во малите сервиси и автомеханичарски работилници, како и тие што работат на диво. Самите луѓе не се свесни дека се трујат со канцерогени супстанции при горењето на тие отпадни масла – изјави Дарко Блинков, претставник на Државниот пазарен инспекторат за животна средина.
Марк Верфурт, од компанијата Ависта Оил АГ од Германија го претстави системот за управување со отпадните масла како и нивното собирање и транспортирање. Тој изјави дека оваа пракса на рециклирање, во ЕУ, функционира од поодамна. Моментално фирмата е водечка во овој сектор, а инвестициите ќе продолжат и во иднина.
На оваа работилница беа и претставнци на една грчка компанија. Нивниот претставник, Јоанис Дермицакус, ни изјави дека моментално гвршат откуп на отпадните масла од Македонија.
За една недела, како што најави претставникот на Државниот инспекторат за животна средина, ќе има ушт еден сличен настан, на кој што ќе присуствуваат 40 инспектори од цела Европа.