Освен во СВР- Охрид каде се пријавиле 668 кандидати, голем број се пријавиле и во СВР Скопје – 2049, СВР Битола – 1.176, СВР Штип – 882, СВР Куманово – 796, СВР тетово – 776, СВР Велес – 650 и СВР Струмица – 600 кандидати.
Како што информираат од надлежното министерство, по завршување на огласот, ќе бидат доставени дописи до Секторите за внатрешни работи со кои ќе биде побарано истите да ги достават поднесените пријави во електронска верзија, како и во хартиена форма до Секторот за заеднички работи и управување со човечки ресурси, по што ќе следува внесување на електронските податоци во софтверот за евидентирање на податоците и резултатите од јавниот оглас.
Следната фаза ќе опфати изготвување на листа од страна на Комисијата по завршена административна проверка, односно листа на пријавени лица кои ќе бидат повикани на проверки на моторички способности.
Откако ќе бида завршена таа фаза ќе биде изготвен распоред на пријавените лица по кој ќе се вршат проверки на моторички способности, по што ќе следи изготвување ранг листа врз основа на постигнати резултати од проверка на моторички способности, а кандидатите кои ги исполниле нормите на моторичките проверки ќе бидат вклучени во следната фаза, односно писмено тестирање.
По завршувањето на оваа фаза ќе следи интервјуирање на кандидатите, а потоа и здравствените прегледи. Целата процедура на избор на кандидатите ќе заврши со изготвување на конечна ранг листа од страна на Комисијата.