СВР Охрид ориведе 43- годишна државјанка на Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување“ и „измама“.
Приведувањето е по барање на Секторот за меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи, по што Основниот суд во Охрид и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Приведувањето е извршено во стан во Охрид, кој жената привремено го користела, а по претходно известување на јавниот обвинител. Сега притворената, во станот била со двете малолетни деца кои се предадени на Центарот за социјални работи Охрид.
OhridNews