
Списанието го пренесува говорот на претседателот Глигоров на седницата на Генералното собрание на обединетите нации, на 8 април 1993 година,подвлекувајќи ги неговите зборови: “Приемот на Република Македонија во мегународното семејство на народите, е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ, по мирен и легитимен пат, го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во мегународната заедница”.
На страниците на списанието може да се најде и промотивната реч на Ахил Тунте, по повод Зборникот “За и од Киро Глигоров”, инаку негов долгогодишен соработник и советник. Тунте, мегу другото, разјаснува дека формулацијата привремено решение во врска со референцата, е на тогашниот генерален секретар Бутрос Гали, а не на Киро Глигоров.
– ОН, меѓу другото, ја презедоа медијаторската улога за разрешување на постојаната разлика во спорот, наметнат од грчка страна, околу името на нашата земја. Приемот беше настан за паметење – отворање нова страница на вековната македонска историја, нејзин дефинитивен премин од состојбата на објект во состојба на субјект во мегународните односи. Се намретнува прашаењето: Како ќе изгледаа изминативе 25 години, ако останевме надвород ОН – пишува Ахил Тунте.
Главниот и одговорен уредник на “Дипломатски летопис”, Драган Јањатов, открива дека на 27 август во Охрид, во соработка со МАНУ, ќе се организира цествување и промоција на Зборникот на трудови “ За и од Киро Глигоров” од Научната конференција поповод 100 годишнината од раѓањето на Глигоров.
OhridNews











