На 16 мај (сабота) со почеток во 17 часот, во хотел „Unique“ во Охрид ќе се одржи промоција на „WVP Fund Management“ и панел-дискусија посветена на финансиската писменост, инвестициите и современото финансиско планирање.
Настанот е отворен за сите граѓани кои сакаат подобро да се информираат за можностите за управување со личните финансии, инвестирањето и креирањето посигурна финансиска иднина.
Присутните ќе имаат можност за директна средба со претставници на ВФП Фонд Менаџмент, како и да учествуваат во интерактивна панел-дискусија со прашања и одговори на теми кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста.
Фокусот ќе биде ставен на тоа кои се придобивките од вложување на пасивни средства, колку граѓаните се доволно информирани во сферата на финансиите, дали е потребна професионална финансиска поддршка и како правилното планирање може да придонесе кон финансиска независност и долгорочна сигурност.
Организаторите велат дека целта на настанот е преку едукација и отворена комуникација да се подигне нивото на финансиска писменост и да се поттикне поголема информираност кај граѓаните за современите инвестициски можности.
„Знаењето денес е сигурност утре“ е пораката што ќе ја одбележи средбата, на која ќе се говори за создавање финансиски навики, паметно инвестирање и градење стабилна иднина.
Настанот во Охрид е дел од активностите на ВФП Фонд Менаџмент насочени кон доближување на темите поврзани со инвестициите и финансиското планирање до пошироката јавност, преку директни средби и едукативни презентации.
Оваа австриска компанија е присутна во Македонија од 2005 година и е најголемо друштво што се занимава со инвестициски фондови. Во земјава имаат 11000 клиенти и има нето имот под управување во вредност од 187,9 милиони евра. Инвестициското портфолио на компанијата содржи над 130 компании меѓу кои се светски гигатни како Кока Кола, Пепси, NVIDIA, META, Микрософт, Адидас, Најк, Епл, Нестле, Унилевер, Виза…
OhridNews I PR













