Во организација на Општина Охрид и  Словенечко- македонскиот  бизнис клуб, на 27- ми септември 2011 година, во Охрид ќе се одржи  Бизнис ден за промоција на македонското и словенечкото стопанство.

Словенечко- македонскиот бизнис клуб е дел од македонската бизнис заедница веке 7-ма година, четврта година по ред е партнер со словенечката Јавна агенција за странски инвестиции и претприемништво ЈАПТИ, како и со словенечкото Министерство за економија, а во него членуваат над  130  словенечки и македонски компании.

Поради  развивање на стопанската соработка помеѓу двете држави и поврзување на заедничките интереси, Словенечко-македонскиот бизнис клуб во рамки на ова партнерство реализира проект за промоција на словенечкото и македонското стопанство-  “ Бизнис денови низ Македонија “.

Тоа се еднодневни активности  составени од промотивен работен дел, каде Клубот и Општината имаат свое претставување пред менаџерите на компаниите-членки на Клубот и пред менаџерите на компаниите регистрирани во Општината и саемски дел каде компаниите- членки на Клубот и компании од Општината, на промотивни штандови ги претставуваат своите производи и услуги.

OhridNews