Националната стратегија за одржлив развој ќе ги даде идните насоки на економскиот развој на Република Македонија и ќе озвозможи поголема заштита на животната средина. Ова денеска беше истакнатао во Охрид на промоцијата на националната стратегија, што ја изработи управниот комитет. Стратегијата како што беше истакнато е е дел од  стратегијата за влез на Република Македонија во  Европската унија.

Според Дејан Паноски-претседател на националниот комитет за изработка на стратегијата, главната  цел е да се даде основа за  долгорочен синхронизиран економски развој, социјално правичен и прифатлив од аспект за заштита на животната средина.

– Оваа стратегија треба да ги даде економските правци на идниот развој, да ги утврди приоритетите на енергетскиот развој и да ги задоволи социјалните потреби на граѓаните на Република Македонија и што е најважно да се води сметка за заштита на животната средина, односно да се земе онолку од природата, а таа да не се наруши, изјави Паноски.

Оваа стратегија ќе биде дел од стратегијата на владата која треба да ја усвои анскоро. Со неа е опфатен и туризмот, со акцент на развивање на туристичките капацитети и промоција на Р. Македонија.

Ohridnews