Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во Охрид се одржува дводневна регионална работилница посветена на зајакнување на соработката помеѓу воздухопловните власти и правосудните органи, како и за интензивирање на соработката во рамки на меѓународните организации по однос политиката за зајакнување на безбедноста во тој вид сообраќај.

На работилницата во Охрид учествуваат претставници на националните агенции за цивилна воздушна пловидба и на правосудните органи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија и од Косово, како и на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Еуроконтрол).

OhridNews