Без капитенот Пандев и Попов кој според информациите од лекарскиот тим влече ситна повреда македонската фудбалска репрезентација ги одржа првите три од петте планирани тренинзи на Срц “Атина Бојаџи“ во Охрид, Одличните услови во Охрид во голема мера дозволуваат да се освежат силите во пресрет на мечот кој ќе каже во кој правец ќе заврши квалификацискиот циклус.
– По доаѓањето на Пандев и Попов ќе бидиме комплетни и во овие три четири дена ќе се подготвиме добро за да ја пронајдеме победничка формула. Се наоѓаме на половина пат од квалификациите и победа против Ирска би не вратила во игра за висок пласман. Победа ќе значи поголем мотив за завршниот дел од квалификациите – вели селекторот Јонуз.
Игра по земја, кратки додавања и брзо освојување на просторот бара селекторот Мирсад Јонуз од избранците кои в сабота ќе истрчаат против “детелините“. Најголемиот дел од првенствата се завршени, а според селекторот репрезентативците со во потребната форма за последниот предизвик во сезоната , мечот со Ирска.
– Репрезентативците се во топ форма работеа индивидуално за да можат да влезат максимално подготвени во натпреварот. Во составот имаме неколку освежувања во селекцијата, се со цел да се убрза играта, а полека се вртиме и кон иднината на македонскиот фудбал па затоа тука се младите Хасани и Ристовски фудаблери на кои сериозно размислуваме во иднина, само покрај искусните и стандардните нивниот потенцијал може да исплива на површина, тие полека полека мора да го фатат ритамот во А селекцијата, за да ја сватат психологијата и да се привкнуваат на атмосферата меѓу репрезентативците. Тоа пак не значи оти оние фудбалерите кои не се повикани се заборавени, ниту пак сме се откажале од нив. Тие и понатаму остануваат кандидати – рече селекторот Јонуз.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.