Меѓународната заедница треба да ја препознае потребата од заедничко дејствување на државите од Балканот за заштита за заштита на реките и нивните сливови и независно од неповолната економска ситуација предизвикана од светската криза да ги поддржи заедничките активности за зачувување на водните ресурси.-порача министерот за заштита на животната средина и просторно планирање, Неџати Јакупи пред учесниците на Регионалната конференција што се одржува во Охрид.


– Заштитата на водите и водните екосистеми мора да се смета како заедничка цел на меѓународната заедница – водата е природно заедничко наследство од најголема важност за развојот на земјоделството и рибарството, туризмот индустријата, транспортот, како и за обезбедување на комуналните услуги за граѓанското општество. Според тоа , принципите на заштитата на водите мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на сите сектори и политики, рече министерот  Јакупи.


Целта на конференцијата на која учествуваат 70 претставници од десет држави од регонот, како и ресорни министри од Албанија, Србија, Косово и Македонија, е развивање на заедничка визија за одржливото управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. Предвидено е во рамки на конференцијата да бидат усвоени две заеднички декларации – за интегрирано управување со речни сливови и за Дримскиот речен слив

Регионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови што се одржува во Охрид ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, со поддршка на Италијанското министерство за животна средина, копно и море и Програмата за развој на Обединетите нации.