Во рамки на настанот, ќе се претстават најуспешните регионални млади фармери за оваа година на кои ќе им бидат доделени и благодарници за унапредување и поттикнување на интересите и вклучување на младите во земјоделството, а ќе се разгледа и ревидира и извештајот на активности на ММФ 2010/2011.
Младите ќе имаат можност да се запознаат со проектот „Агроенергија” кој ќе го презентира Габриела Мицевска, проект менаџер во ЦеПроСАРД. Исто така од Секторот за енергетска ефикасност на оваа невладина организација ќе ги претстават и проектите за обновливи извори за енергија (ОИЕ).
Денот на младите фармери ќе биде збогатен и со интересни спортски и културни натпревари и многу забава.