Во Охрид се оддржува регионалниот натпревар „Детски семафор“
05.05.12 11:00
Охрид е домаќин на регионалниот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор“ што се оддржува денес.
Теоретскиот дел од натпреварот (познавање на сообраќајните правила, прописи и знаци со решавање на тестови) ќе се одржи во ОУ „Братство и единство“ кај Крст-џамија, додека пак практичниот дел од натпреварот (вешто возење со велосипед на посебно подготвен полигон) ќе се одржи веднаш по завршување на теоретскиот дел, на подготвениот полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“.
Домаќин и организатор на овогодишниот регионален натпревар е Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на Општина Охрид. Натпреварот ќе се одржи во соработка со Единицата за локална самоуправа на Општина Охрид и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на Република Македонија.
Своето учество на општинскиот натпревар го потврдија екипите на ОСБСП од Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Најдобрата екипа, составена од 6 млади ученици од основните училишта, ќе го претставува нашиот регион на државниот натпревар, што според календарот на РСБСП ќе се одржи на 19- ти мај.
Месецот февруари е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства Верувам дека преку континуирана поддршка и конкретни активност...
Во 1944 во Охрид на денешен ден умрел Кирил Прличев, македонски патриот, македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец, син на Григор Прличев Учесник бил во Илинденското вос...
Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардариет...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.