Охрид е домаќин на регионалниот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор“ што се оддржува денес.

Теоретскиот дел од натпреварот (познавање на сообраќајните правила, прописи и знаци со решавање на тестови) ќе се одржи во ОУ „Братство и единство“ кај Крст-џамија, додека пак практичниот дел од натпреварот (вешто возење со велосипед на посебно подготвен полигон) ќе се одржи веднаш по завршување на теоретскиот дел, на подготвениот полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“.
 
Домаќин и организатор на овогодишниот регионален натпревар е Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) на Општина Охрид. Натпреварот ќе се одржи во соработка со Единицата за локална самоуправа на Општина Охрид и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на Република Македонија.

Своето учество на општинскиот натпревар го потврдија екипите на ОСБСП од Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Најдобрата екипа, составена од 6 млади ученици од основните училишта, ќе го претставува нашиот регион на државниот натпревар, што според календарот на РСБСП ќе се одржи на 19- ти мај.

OhridNews