Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен, ќе заседава денеска во Охрид. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен, меѓу 5-те земји, со кој групата стана официјално тело со претставници од сите земји. Со состанокот во својство на земја домаќин ќе претседава Дејан Пановски, македонски преставник во Дрим Кор групата.
На состанокот во Охрид треба да се донесат неколку важни одлуки како што се Акциониот план за имплементација на Договорот до 2014 година, да се одреди структурата на работните групи кои ќе работат на тоа и да се одредат приоритетните мерки.