Во Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа се одржа културната манифестација “Sound of Egypt”.

Големо задоволство ми причинува што Охрид беше домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. – вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој заедно со секретарот на општината, Александар Китески, присуствуваа на концертот.

Египќаните се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните наша заедничка цел и предизвик, додаде Пецаков.

Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен е човекот, неговата добронамерност и вредностите кој тој ги негува, а се во насока на општествен развој и напредок. Затоа и понатаму ќе работиме на зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови. – објави градоначалникот Пецаков на Фејсбук.

OhridNews