Bо рамките на 80-годишното работење на Црвениот крст на РМ во Охрид се одржа првиот натпревар за спасители на вода. На овој пионерски настан своите сили и вештини си ги одмерија професионални спасители и аматерски волонтери кои претходно поминаа низ строги обуки и интензивни тренинзи.

Во организација на Општинската организација на Црвен крст Охрид и Центарот за безбедност на вода, спасителите покажаа врвна подготвеност, храброст и професионалност низ 12 различни дисциплини на отворени и затворени води.

Со одржувањето на овој натпревар уште еднаш се докажа следењето на светските трендови, правила и прописи, со што безбедноста на води во нашата земја се подигнува на повисоко ниво, велат од Центарот за безбедност на вода.

Организаторите упатуваат искрени честитки до сите учесници кои испишаа историја и поставија нови стандарди во македонското спасителство.

OhridNews