Во Охрид и Македонија за време на викендот започна снимањето на документарец од новиот научен серијал „Средновековното наследство на династијата Немањичи на почвата на денешна Република Македонија“.
Стручен соработник и наратор на серијаталот е доц. д-р Јасмина Чириќ (Универзитет во Крагуевац, Филолошко-уметнички факултет) и новинарката Биљана Тодоровиќ Георгиевска со нивниот тим, кои беа во посета на почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид.
Во прекрасна пријателска атмосфера разговаравме дека најбитна е соработката во сферата на културата и слични вакви проекти помеѓу двете држави за поголема кохезија на заедничките културни вредности кои ги делиме низ вековите, а тоа ќе придонесе за уште поголема туристичка посетеност на регионот и за уште поголемо зацврстување во сите пори меѓу братските народи, вели Почесниот конзул на Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев.

OhridNews















