– Засега состојбата е стабилна. Мал е бројот на пријавени пациенти кај кои се забележани симптомии на вирозно заболување. Поголемиот број граѓани кои доаѓаат кај матичните лекари се со обична настинка, која се манифестира со мало покачување на телесната температура, која поминува за ден или два, објаснува д- р Атанаско Михаилов, од Центарот за јавно здравје.
Вакцинацијата против сезонски грип е во тек и сеуште има вакцини со кои граѓаните доколку сакаат можат да се вакцинираат.