Во хотелот Инекс попладнево остварија средба претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, премиерот на Унгарија и претседател на партијата ФИДЕС, Виктор Орбан и  лидерот на Демократската партија на Словенија, Јанез Јанша.

Во тек е работна средба на врвот на ВМРО ДПМНЕ со Орбан и Јанша. Присутни се и дел од кандидатите за градоначалници, меѓу кои и охридскиот Митко Тилевски.

Посетата на Орбан е неколку дена по престојот на голема делегација на неговата партија во Македонија, која единствено оствари средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews