Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, денеска во Охрид  ќе се сретне со државно-владиниот врв. На средбата се очекува Гејтс уште еднаш да ја истакне силната подршка што САД и ја даваат на Македонија за членство во НАТО, како и за процесот на преговори за решавање на спорот за името со Грција. Не е исклучено на средбата да стане збор и за признавањето на Косово.

Гејтс ќе учествува на самитот на Министри за одбрана од Југоисточна Европа и САД, што денеска се одржува во Охрид. Министрите за одбрана од регионот   ќе разговараат за безбедноста на регионот и учеството на армиите  во воените мисии. Самитот  во Охрид кој се одржува под силни мерки на безбедност, попладнево ќе заврши со  усвојување на заеднички заклучок на министрите за одбрана.

Г.М.