Во Охрид стартуваше премиерата на ракометниот камп „40х20“
20.06.22 11:30
Во Охрид викендот почна премиерното издание на ракометниот камп „40х20“. Покрај македонски, на кампот присуствуваа и ракометари од Шведска и Босна и Херцеговина.
Програмата направена според возраст и ракометно искуство е претходно подготвена и се спроведува во најдобар ред. Со највозрасните кампери работеа тренерите, Никола Матлиески и Кристијан Грчески, додека Благојче Весиќ и Дејан Коцарески веднаш потоа го одржаа првиот тренинг со генерација 2008/09. Тренерите од проектот „Ракомет за секое дете“, Златко Стојковски, Јаковче Матлиески, Ивана Ракиќ и Никола Василев ги одржаа премиерните тренинзи со најмалите групи на кампот.
Предвидено е од утре да стартуваат предавањата за здрав начин на живот и здрава исхрана, спортска психологија, гостувања на поранешните репрезентативци и тренери, Александар Јовиќ и Раде Стојановиќ, неколку актуелни репрезентативци, предвидено е да имаме ден на кајакот каде во текот на целиот ден нашите кампери ќе се запознаваат со тајните ка кајкарството, ќе уживаат во убавините на езерото. Вообичаена пракса за нашите кампери е по напорниот тренинг, да се оди на групно освежување во прекрасниот базен на плажата пред хотелот, под надзор на нашите тренери, изјави Горан Ѓоргоноски, менаџер на „КМГ Спрорт“, организаторот на ракометниот камп „40х20“.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.