Бирото за Судски Вештачења, на 8-ми и 9-ти Мај ,со почеток од 10 часот, во Хотел Силекс во Охрид, организира прво стручно советување под наслов „ Сообраќајно-техничките вештачења како основ за квалитетно решавање на судски спорови”.
Стручното советување, во коорганизација на министерството за внатрешни работи, Машинскиот факултет Скопје, Техничкиот факултет-Битола, Сава, Кроација и Триглав Осигурување, има меѓународен карактер, и на него ќе присуствуваат експерти од областа, од целиот Балкан и европските земји.
На почетокот на советувањето предвидено е поздравен говор да одржи директорот на бирото за судски вештачења, Дени Ѓорчевски.
OhridNews