По повод 20-годишнината од независноста на Република Македонија, ЛУКОИЛ Македонија, денес во Охрид, свечено ќе ја отвори новата бензинска станица, лоцирана на улицата  „7 Ноември“ , наспроти новата автобуска станица.


На церемонијата ќе присуствуваат вицепремиерот Владимир Пешевски, претставници од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, како и претставници на локалната самоуправа од Охрид.

Манифестацијата ќе почне со осветување на објектот, а со чинот ќе раководи митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свешетеници од оваа епархија.

Ohridnews