Третата меѓународна конференција за ладилна техника и климатизација на која ќе учествуваат 100-тина експерти од водечки светски фирми за ладење и климатизација, започнува денеска во Охрид.

Дводневната конференцијата која е објавена на 60 интернет -страници ја организираат Машинскиот факултет од Скопје и Меѓународниот институт за ладење со седиште во Париз.

Во областа на ладењето и климатизацијата се случуваат големи промени поради глобалното загревање и штетното дејство врз озонската обвивка. Над 15% од светската потрошувачка на енергија припаѓа на овој сектор, кој интензивно работи на усовршување на постоечките и развој на новите технологии со посебен акцент на енергиската ефикасност.  Актуелните состојби ќе бидат презентирани токму на конференцијата за ладилна техника и климатизација што се одржува во Охрид.

Ohridnews