Во рамките на своите активности за развој и унапредување на крводарителството, Црвен крст Охрид организира трибина за крводарителство на која ќе бидат опфатени две теми: Крводарителството во Р.Македонија-актуелни состојби и предизвици и Стратегијата за крводарителство 2010-2015 година.

На трибината што Ќе се одржи на 18.02.2011 г. (петок), во просториите на Црвен крст Охрид, со почеток во 13:00 ч., учество ќе земат претставници на Црвен крст на Р.Македонија, Институтот за транфузиона медицина Скопје, повеќекратни крводарители, мотиватори, здравствени работници.

OhridNews