Успешно се реализира денешната акција „Ден на дрвото“ со која е предвидено пошумување на територијата на Република Македонја, со цел збогатување на дрвниот фонд.

Во општина Охрид учествуваа граѓаните, но и голем број ученици од основните и средните општински училишта. Свој придонес во акцијата дадоа и членовите на Советот на општина Охрид.

Во дворот на основното  училиште „Св. Климент Охридски“ учениците  засадија трендафили и садници од јоргован.


Членовите на Советот засадија 70 садници цветно декоративни садници од видот Вибрунум и Јасмин кај сообраќајната клучка на влезот на Охрид.

OhridNews