Последниот априлски викенд во очи празникот на трудот, донесе поголема раздвиженост во Охрид. Деновиве слета првиот чартер лет со холандски туристи, а забележливо е присуство и на гости од други европски држави, од соседството, па дури и од далечниот исток.
Традиционално за првомајските празници во Охрид допатуваа и домашните туристи. Најголемиот дел од нив одседнаа во викенд становите, а солидно вонсезонски исполнети се и приватните сместувачки капацитети.
Оваа година на охридската ривиера се очекува само од земјите на БЕНЕЛУКС да одмараат околу 14.000 гости, а туристичките работници се надеваат и на поголем број гости од соседните земји во споредба со минатото лето кога нив ги имаше помалку од очекуваното.