Во организација на Касарна Хаб од Охрид викендов ќе се одржува вториот саем „ИТ Денови на кариера“, осмислен со цел да ги поврзе локалните таленти од информатичката технологија со водечките компании од индустријата во Македонија.

На настанот присуство најавија 12 компании, со две презентации и тоа во петок од 12 часот „Како да бидете фриленсер“ и презентација од „Сеавус“ в сабота.

Настанот ќе се одржи во поранешната касарна во Охрид, на 29 и 30 септември од 12 часот.

Според податоците од Заводот за статистика, во Охрид моментално има 8200 млади лица на возраст меѓу 15 и 29 години, кои се потенцијални кандидати за вработување.

OhridNews