Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Охрид времето денес облачно. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на влажен бран, од утре ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, велат од УХМР.

OhridNews