Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени,а дневната температура од 20 до 31 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 25 степени.

До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период на места ќе наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.

OhridNews