Денес започнува Детскиот Меѓународен фолклорен фестивал “Охридски Бисер”, кој за прв пат се одржува во Охрид, во организација на Културно- уметничкото друштво “Охриѓанка”.

На него е предвиден настапот на десет фолклорни друштва од  Чешка, Србија, Турција, Бугарија и Македонија, чии членови се на возраст од 7 до 13 години.

Како што најавуваат организаторите, настапите на фолклорните друштва ќе се одржат на 16- ти и 17- ти август, со почеток во 20 часот и 30 минути на просторот пред Центарот за култура “Григор Прличев”. Пред почетокот на настапите, предвидено е и дефиле на групите низ охридската чаршија која ќе започне во 19 часот.
 
Во организација на КУД “Охриѓанка”, од 18- ти до 22- ри август за прв пат ќе се одржи и Интернационален фестивал за Мажоретни тимови и придружни дувачки оркестри, на кој ќе учествуваат групи од различни земји.

OhridNews