Во Охрид денеска со работа ќе започне Политичката академија 2012.

Политичката академија која традиционално се оддржува секоја година  е наменета за членови на политички партии и граѓани. Таа е организирана од германската политичка Фондација Конрад Аденауер и институтот Павел Шатев, во соработка со Фондацијата „Едуардо Фрај“ од Холандија, и претставува комбинација од граѓанска и политичка едукација и обука за лидерски вештини.

Главна цел на академијата е продлабочување на знаењата и јакнење на улогата на членовите на политичките партии.

Предавањата и обуките ќе бидат организирани од страна на експерти и тренери од Македонија, како и од истакнати експерти од
универзитети, невладини организации и истражувачки институти од странство.

OhridNews