Во рамки на интернационалниот Охридски Летен Универзитет, организиран од Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро Балкан, од 26 септември до 3 октомври во Охрид ќе биде одржана летната школа за холокауст студии насловена како „Различни начини на опстојување на еврејската и ромската заедница во Македонија: од отпор до меморијализација“.
Значењето на оваа школа е тоа што за првпат во Р.Македонија се одржува ваков академски настан посветен на темата на холокаустот. На школата ќе учествуваат 14 учесници (доктори на науки, докторанти, магистранти) од 12 различни земји од Европа, а предавања ќе oдржат еминентните професори д-р Кринка Видаковиќ-Петров од Инстотут за литература и уметност од Белград, д-р Мајкл Стујарт од Централниот евроспки универзитет во Лондон и проф. д-р Софија Грандаковска од Институт Евро Балкан, Скопје.












