Денеска во Охрид започнува со снимање најновото филмско остварување на режисерот Иво Трајков, насловено како „Размена“.

Станува збор за љубовна приказна по сценарио на Трајков и Верица Недеска – Трајкова, што ја финансира руска продукција, а македонски продуцент е „Кавал филм“, јавува „Дневник“.
 
Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Верица Недеска – Трајкова и Русинката Викторија Мироваја. Помали улоги имаат и Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. Филмот ќе се снима шест дена во Охрид и еден во Скопје.

OhridNews