
Конференција ќе биде отворена утрово со поздравно обраќање на претседателот на македонското собрание Трајко Велјаноски.
На конференцијата ќе стане збор за меѓупарламентарната соработка во регионот и улогата на националните парламенти врз влијанијата предизвикани од економската криза и останатите предизвици. Ќе бидат разгледани и насоките и модалитетите за натамошниот развој на иницијативата, а заклучоците ќе бидат сублимирано во завршната Декларација која се очекува да биде усвоена на 10-тат Конфернција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ.











