Во периодот од 21-ви до 26-ти овој месец, Охрид беше домаќин на Јуниорската балканска математичка олимпијада(ЈБМО).
На натпреварот учествуваа единаесет балкански и пет земји гости(Казакстан, Таџикистан, Иран, Саудиска Арабија и Франција) со тимови од по шест натпреварувачи.
Македонија како домаќин ја претставуваа два тимoви, а тројца репрезентативци се закитија со бронзеното одличје.
Покрај натпреварувачкиот дел, во рамките на олимпијадата беа организирани две екскурзии на релација Хераклеа-Битола-Прилеп-Крушево и посета на манастирскиот комплекс Св. Наум.
Инаку, на олимпијадата која беше во организација на Сојузот на математичари на Македонија, како водич волонтираше и охриѓанката Теодора Бујароска.
OhridNews