Деновиве во Охрид заврши реализацијата на проектот „Градење на капацитетите и јакнење на соработката помеѓу агенциите за спроведување на законите на Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Албанија, Црна Гора и Република Србија“.
Целта на проектот беше да се подобри борбата против илегалната миграција и прекуграничниот криминал на границите на западниот Балкан и директно зголемувањето на степенот на безбедноста како на земјите од западниот Балкан така и во западна Европа.
„Во рамки на проектот се реализиираа обуки со цел подобрување и координација во реализацијата на заедничките патроли и прекуграничната соработка помеѓу граничните полиции на земјите учеснички.“ – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, проектот беше во организација на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), а е спроведен во соработка со граничните полиции на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Србија, Албанија и Косово.
OhridNews