Во Охрид бројот на вкупното резидентно население изнесува 51 428 лица, 18 368 домаќинства и 33 660 станови според податоците од Пописот 2021 објавен денес од страна на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на лица 25 231 се машки пол, а 26 197 лица се женски пол. Од нив 40 488 се изјасниле според етичката припадност Македонци, од кои 19 903 мажи, 20 586 жени.
Од 1942 Албанци 921 се од машки пол, додека 1021 од женски. 1831 лице се изјасниле дека се Турци од нив 890 мажи и 941 жена, додека 232 се изјасниле како Роми од кои 100 мажи и 132 жени.
314 се изјасниле како Власи, 281 Срби, 23 Бошњаци, додека во категоријата Други неспоменати наведени се 2008 лица, не се изјасниле 13, во категоријата непознато внесени се 7 лица и 4289 лица се во категоријата -Лица за кои податоците се превземени податоци од административни извори.
OhridNews













